(Видео) Запаплено знамето на ЕУ во центарот на Скопје

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ и Македонски обединети сили (МОС)  пред Собранието на Република Македонија го запалија знамето на ЕУ.

Во моментот кога Љубиша Настовски, претседател на МОС од импровизираната бина во паркот „Жена – борец“ го одјавуваше протестот, група млади луѓе кои тој ги нарекуваше јунаци на булеварот „11 Октомври“ го запалија знамето на ЕУ.

Настовски повика сите да се повлечат од булеварот оти протестот заврши, а на асфалтот остана да гори знамето. Многумина од насобраните си направија селфи фотографии со изгореното знаме.

Source: Македонија