Масовен протест во Солун, Грците порачаа „Македонија е една и грчка“

„Македонија е една и значи Грција“, „Македонија е свето грчко име“, „Решението е во граница со Србија“, „Оној што ќе го даде името Македонија ќе биде национален предавник“, се главните пораки кои беа упатени на денешниот протест во Солун за како што го рекоа демонстрантите, одбрана на Македонија.

На протестот покрај пристаништето се собраа околу 50.000 луѓе дојдени од сите градови од Грција кои вееја грчки и кипарски знамиња, слики со ликот на Александар Велики, како и тие на грчкиот регион Македонија.

Главното барање на протестот е во името на нашата земја, кое треба да биде договорено. да не се користи терминот „Македонија“, иако посредникот Нимиц вели дека Македонија ќе има во секое решение.

Организаторите кои се грчки здруженија и организации од дијаспората, а кои имаат поддршка, меѓудругото, и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини бараат организирање на референдум за ова прашање.

На денешната свечена литургија во црквата Свети Димитрија солунскиот митрополит Антимос, во своето 30 минутно обраќање порача дека „Скопје нема ни стара ни понова историја“.

-Скопје никогаш нема да биде прифатено во грчката народна свест со името Македонија, бидејќи нашата Македонија постои во срцата на Грците, како нераскинлив дел од нашиот национален суверенитет веќе 2.800 години. Скопје никогаш нема да може да го задржи името Македонија затоа што тоа им припаѓа на Грците – рече митрополитот Антимос./ Извор: Мета.мк

Source: Македонија