(Видео) Судот ќе бара потврда дали лицата кои го вештачеле дедото на Тамара имале лиценци

Судењето почна од почеток поради промена на судискиот состав. Адвокатката на обвинетиот, Павлина Зефиќ, рече дека останува на приговорот дека дедото на Тамара го вештачеле лица со истечени лиценци.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.
(Макфакс)


Source: Македонија