Автопатот со ново име: “Пријателство”

Владата ќе ги промени имињата на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот „Александар Македонски“. Ова го најави првиот човек на Владата, Зоран Заев на заедничката прес конференција со претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас.

Заев откри дека новото име на автопатот ќе биде „Пријателство“, а не спомена име за аеродромот.

Во рамки на прес-конференцијата тој посочи дека Македонија останува силно посветена на имплементација на мерките на доверба помеѓу двете земји и најави продолжување на преговорите со Грција, на ниво на министрите за надворешни работи, а под медијаторство на Метју Нимиц.


Source: Македонија