Тешка сообраќајка во Македонија – сообраќајот на овој патен правец се пренасочува

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Штип – Кочани, сообраќајот е пренасочен кон патниот правец Штип – Плачковица, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија.

Според податоците оттаму, пренасочувањето на сообраќајот започнало во 14 часот и пет минути, а засега нема информации до кога ќе се спроведува истото.

АМСМ воедно информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а наместа влажни, особено на планинските осојничави места. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.


Source: Македонија