Дамовски останува во притвор

Режисерот и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски останува во притвор, одлучи Апелациониот суд.

Осомничениот за крвавиот четврток во Собранието преку неговиот адвокат побара од апелационите судии да му биде укиинат притворот што го издржува во затворот во Шуто Оризари.

Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството вложи жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка што беше продолжена.

Досега скопска Апелација на јавни и нејавни седници ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

В.М.(Макфакс)


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk