Премиерот Заев се огласи по трагедијата во која загинаа 5 лица

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство со семејството Зулбеари во Тетово, кое во трагичен настан во пожар загуби 5 члена од своето семејство.

Во писмото на премиерот Заев се вели: „Силно потресени од трагедијата што му се случи на вашето семејство, не може да се најдат вистинските зборови на утеха за оваа длабока траума. Дозволете ми во мое лично име, во име на Владата, како и во име на сите граѓани на нашата земја да го изразам нашето длабоко сочувство во овие тешки моменти за вас.

Трагичната загуба не може да се надомести, но во вакви моменти во заедницата во која живеете и во целото општество во Република Македонија ќе дојдат до израз солидарноста и поддршката кои може да бидат од помош за вашето семејство“, се вели во писмото.


Source: Македонија