За амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците ќе се расправа најрано до септември

Најоптимистички, најрано до септември ќе се расправа за речиси 35.000 поднесени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците.

Според процедурата, подносителот за секој амандман има право на три минути или за сите амандмани 105.000 минути. Оптимистичката математика може да се исполни доколку во еден час се образложат 20 амандмани или 240 на ден.

Според оваа математика, тоа би биле 1.680 неделно, но под услов да нема ниту мала пауза помеѓу амандманите, и ако се работи 12 часа на ден, односно непрекинато седум дена во неделата. Но и ова е под услов Собранието да не расправа целиот овој период за ниту една друга точка и да нема слободни викенди.(Макфакс)


Source: Македонија