Еве какво ќе биде времето наредниве денови

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури.

По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Утре ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 6 до 13 степени.


Source: Македонија