МВР со детали за големиот пожар во Скопје

На 26.01.2018 година околу 21.50 часот во Скопје на ул.„Михаил Глинка“ избувнал пожар во двоспратна куќа сопственост на Б.Џ.(59).
Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на С.А.(46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето. Пожарот е целосно изгаснат во 00.10 часот од Бригада за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.


Source: Македонија