Временска за цела недела: Какво време не` очекува од утре до петок

Сончево време со несекојдневно високи температури за зимскиот период ќе се задржат и утре.

Од УХМР за вториот ден од викендов најавуваат слаб до умерен северен ветер.

Инаку, до четврток ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време, за овој период од годината. Од четврток се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на температурата на воздухот.

Потоа, од наредниот викенд следува период на променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег.

 


Source: Македонија