Фрчат откази во МВР – телохранителот на Сашо Мијалков доби отказ од УБК

Поранешниот личен телохранител на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков пред три дена го добил отказното решение од УБК, каде што од 2015-та година работи како главен инспектор во одделот за антитероризам, објави 24 Вести.

„По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина, на предлог на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност во Управата за безбедност и контраразузнавање, од страна на министерот за внатрешни работи е донесено решение со кое на А.З му е откажан договорот за вработување во министерството за внатрешни работи“, велат од МВР за телевизијата.

Иако, МВР официјално не го наведува 27 април како причина за раскинување на договорот, телевизијата објави дека Зекиров е забележан меѓу толпата која влезе во законодавниот дом на 27 април, па затоа следел отказот.


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk