Ограбени аптеки во Скопје и Битола

Непознат сторител синоќа околу 19:30 часот ограбил аптека во Битола, на улицата 4-ти Ноември. На сила од вработената одзел 6.000 денари.

Рано утрово, пак, околу 02:30 часот, е одземен прометот и од аптека во Скопје, на улицата Московска откако непознато машко лице со закана со нож извршило разбојништво над вработениот, информира МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случаите.


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk