Владата со потег што не го направила ниту една власт до сега: Падна разрешување за првиот функционер поставен од новата Влада – Александар веќе нема да биде директор, дали патувањето со бизнис класа го чинеше функција?

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, преку Твитер соопшти дека денеска е разрешен директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев.

Владата на денешната седница го разрешила Донев поради несовесно и невнимателно работење.

Донев беше цел на критика на јавноста во ноември минатата година, кога се објави дека тој патувал до Аргентина со лет од бизнис класата, со што платил 220 000 денари.

Тој е долгогодишен граѓански активист и учесник на Шарената револуција.


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk