Предмалку трагедија го потресе Скопје – во страшна сообраќајка почина младо лице

Околу 17 часот попладнево во тешка сообраќајна незгода загинал 38-годишен маж.

Имено, трачиниот настан се случил на булеварот „Борис Трајковски“ кога лицето Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот а повредите биле фатални по неговиот живот.

Итна помош ја констатирала смртта на загинатиот а полицијата е на терен каде што се врши увид.

Повеќе детали за случајот ќе бидат познати подоцна.


Source: Македонија