Македонија во тага: Почина познатиот македонски политичар

Денес после кратко боледување почина заменик претседателот на Партијата за европска иднина – ПЕИ, Акија Мустафовски.

Тој беше познат меѓу членовите на партијата како голем хуманист, борец против режимот и двигател на многу акции и проекти за доброто на сите граѓани, за просперитетна и напредна Република Македонија.

”Во овие мигови на тага премалку се зборовите што може да ги искажиме за таков племенит човек каков што беше нашиот Аки. Неговата загуба и недостаток е незаменлив, сепак остануваат неговите многубројни дела кои ќе сведочат дека Аки сепак ќе остане во нашите секојдневни сеќавања, а за младите неговото дело ќе биде мотив и двигател за поуспешна Република Македонија, членка на ЕУ и Нато. ПОЧИВАЈ ВО МИР НАШ БРАТ И ДРУГАР АКИ” – се вели во соопштението на ПЕИ.


Source: Македонија