Дескоска се сретна со претставниците на Сојузот на дефектолозите

Mинистерката за образование и наука, Рената Дескоска, оствари работна средба со претставниците на Сојузот на дефектолозите на Република Македонија, на која се разговараше за зголемување на инклузивноста во образованието. Меѓу другото, стана збор за дефинирање на улогата на ресурсните центри кои треба да станат носители на инклузијата во редовните училишта.

Предвидено е да се прават обуки за наставници кои ќе работат со учениците со попреченост вклучени во редовните училишта, како и да се зајакне улогата на инклузивниот тим во училиштата.

На средбата стана збор и за вклучувањето на персоналните асистенти, кои ќе ѝ даваат поддршка на оваа категорија ученици во училиштата.


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk