Фатен разбојник кој ограбил пет банки и казино

Вчера од страна на едно лице со закана со пиштол е извршено разбојништво во експозитура на банка „Шпаркасе“ на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево. Од страна на полициски службеници е излезено на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен Ч.Д.(34) од село Ливада, Струшко.

Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, ракавици и еден пиштол. По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот, утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, од кои пет извршени минатата година. Разбојникот по два пати ги ограбил експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, два пати во „Шпаркасе“ во Кичево, и по еднаш „Силк Роуд“ банка во Охрид и во казиното „Астра“.

Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.


Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk