Бартолини на средби во Ресен: Се сретна со градоначалникот, бизнисмените…

Во четвртокот во официјална посета на Општина Ресен беше г-дин Никола Бартолини, раководител на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија.

Фотографија на Живко Гошаревски.

На средбата со градоначалникот Гошаревски се разговараше за идни потребни активности кои треба да се преземат за развој и афирмација на Општина Ресен.

Воедно, беше остварена средба со бизнис заедницата и граѓанските здруженија на која што беа потенцирани главните недостатоци и проблеми со кои ср среќаваат во нивното тековно работење. На иницијатива на г-дин Бартолини , бизнис заедницата и граѓанските здруженија предложија мерки кои би придонеле за полесно искористување на европските фондови.

Фотографија на Живко Гошаревски.