Преспа деновиве центар на збиднувањата во Македонија: Доаѓаат мегапопуларни ѕвезди, се слави – а причината е само една!

Во Преспа традиционално како и секоја година за време на празникот Крстовден почнува бербата на Јаболката.

Оваа година продолжува одбележувањето на Преспанскиот јаболкобер, манифестација која повеќе од една деценија го означува стартот на бербата на јаболката со откинувањето на првото јаболко.

За прв пат после долго време е најавена незапамтена забавна програма каде дефинитивно централното место ќе го завземе мега популарната група “Црвена Јабука”, која ќе оддржи целовечерен концерт на 27. септември, а дополнително атмосферата ќе ја загрева и македонскиот пејач Бени – Нон-стоп.

На сцената во петок, пак на 28 септември, ќе настапи и познатиот македонски рапер Слаткаристика,а дополнително се очекува да настапат и други регионални и локални изведувачи.

За време на манифестацијата е најавена и програма за најмладите, но и спортистите.

Првото јаболко се очекува да го откине министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој се очекува во четврток на 27-септември да се обрати на јавната трибина посветена на Препсанското јаболко.

За Јаболкоберот, традиционално ќе бидат доделени и општинските награди.

Организаторите очекуваат досега историски најпосетен Јаболкобер.