Кирацовски разговараше со граѓаните на Стење – ресенско

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, денес го посети село Стење во општина Ресен.

На средбата присуствуваа и градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски и пратеничката од Ресен Бети Рабаџиевска Наумовска.

На средбата со граѓаните се разговараше за новите политики, значењето на референдумот и придобивките кои граѓаните ќе ги имаат со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

Се разговараше за промените кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, економски раст, инвестиции и напредок.