Љупчо Николовски на трибина во Царев Двор

Трибина со министерот за земјоделие Љупчо Николовски во село Царев Двор е најавена за 27 септември 2018-та година со почеток во 16 часот и 30 минути.

Средбата ќе се случи на сред село, а поканети се сите заинтересирани граѓани од регионот.

За претходно е најавена трибина во 13 часот во градското собрание, како дел од манифестацијата Преспански јаболкобер.