Се враќа стариот пазар

Стариот пазар се враќа во функција, дознава Prespasky.com.

Според информациите граѓаните многу скоро ќе можат да пазаруваат зеленчук и овошје на старото место во самиот центар на градот.

Граѓаните веќе со години апелираа да се врати во функција стариот пазар поради својата стратешка позиција која се наоѓа во самиот центар, а како придобивка за тоа е  и големиот капацитет на паркинг места.

Институциите веќе се во подготовки за средување на локацијата почитувајќи ги сите потребни стандарди за пазар.

Граѓаните ја поздравија ваквата одлука.