Градоначалникот на Ресен се сретна со швајцарската амбасадорка

– Денес остварив средба со амбасадорката на Швајцарија, H.E. Sybille Suter Tejada при што се заблагодарив за досегашната голема поддршка . Разговаравме за предизвиците со кои се среќаваме но и за идните планови за развој и промоција пред се на алтернативниот туризам, за кој Швајцарија е светски лидер, објави градоначалникот на Ресен, д-р Живко Гошаревски.