Соопштение на Општина Ресен

За организирање на Јавна расправа за намера за реализација на Проект за реконструкција и асфалтирање на улици во Град Ресен

ОПШТИНА РЕСЕН

Бр. 17-2014/1

17.10.2018 година

РЕСЕН

Врз основа на член 20 став 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (Службен весник на РМ, бр. 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009 и 47/2011) член 50 став 1 точка 6 и 16 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на РМ бр. 5/2005), Градоначалникот на Општина Ресен, го дава следното

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Јавна расправа

за намера за реализација на

Проект за реконструкција и асфалтирање на улици во Град Ресен

Општина Ресен ги повикува сите заинтересирани граѓани, правни субјекти, здруженија на граѓани, невладини и други организации да земат активно учество на Јавната расправа за намерата за реализација на Проект реконструкција и асфалтирање на улиците :

– „11-ти Октомври“,

– дел од „29-ти Ноември“ и

– „Таше Милошевски“

а во рамки на Проектот подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги- МСИП 2.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 20.10.2018 година (сабота) во малата сала на Општина Ресен со почеток во 20.00 часот.