Ќе се реконструираат три значајни улици во Ресен – Голема заинтересираност за дебатата за проект за реконструкција и асфалтирање на улици

Општината Ресен во петокот организираше јавна дебата на која беа претставени плановите за реализација на проект за реконструкција и асфалтирање на улици во Град Ресен.

Општина Ресен во рамки на Проектот подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги- МСИП 2.
го најави асфалтирањето на значајните улици во централното градско подрачје и тоа: „11-ти Октомври“, дел од „29-ти Ноември“ и „Таше Милошевски“.

На дебатата присуствуваа голем број на граѓани кои дадоа свои идеи и решенија за како подобро да се изведе реализацијата на овој проект.

Со ова Општина Ресен на чело со градоначалникот Живко Гошаревски воведуваат едни нови поинакви стандарди на отворена општина за граѓаните, непосредна односно двосмерна комуникација со граѓаните за вакви прашања, со една крајна цел, а тоа е реализација на проекти кои ќе бидат согласно потребите на граѓаните.

На дебатата беа присутни Градоначалникот, претседателот на Советот на Општина Ресен, повеќе советници, секретарот на општината, како и одговорните за реализација на проектот.