Голема промена на времето

Во наредните два дена времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, особено утре.

Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.