Советот на Општина Ресен предмалку даде зелено светло: Со 9 гласови За и 6 воздражни изгласана точката за реконструкција на три важни улици во Ресен

Советот на Општина Ресен на денешната вонредна седница чија единствена точка беше Предлог-Одлука за намера за реализација на проект за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги – “Реконструкција на улици во градот Ресен“ по пат на задолжување во МСИП2, даде зелено светло за почнување на прокетот.

 

Општина Ресен во рамки на Проектот подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги- МСИП 2. Почнува асфалтирање на значајните улици во централното градско подрачје и тоа: „11-ти Октомври“, дел од „29-ти Ноември“ и „Таше Милошевски“.

Претходно под покровителство на градоначалникот Живко Гошаревски и Општина Ресен се одржа дебата на која присуствуваа голем број на граѓани кои дадоа свои идеи и решенија за како подобро да се изведе реализацијата на овој проект.

Со ова Општина Ресен на чело со градоначалникот Живко Гошаревски воведуваат едни нови поинакви стандарди на отворена општина за граѓаните, непосредна односно двосмерна комуникација со граѓаните за вакви прашања, со една крајна цел, а тоа е реализација на проекти кои ќе бидат согласно потребите на граѓаните.

Реализацијата на проектот се очекува да почне на пролет, кога и временските прилики ќе го дозволат почетокот на овој важен и значаен проект за ресенчани.