Реизбран Мишко Пупалевски за претседател на СДММ во Ресен

На изборната конференција која што се оддржа во петокот во зградата на Општинската организација на СДСМ во Ресен, за старо-нов претседател избран е Мишко Пупалевски.

Едногласно, делегатите на СДММ го дадоа својот глас за Пупалевски кој ќе ја води младинската организација во Ресен уште четири години.

-Би сакал да ви се заблагодарам што повторно ми ја дадовте поддршката да го водам локалниот клуб на СДММ Ресен. Ми претставува голема чест и задоволство, но пред се голема обврска во која што сум сигурен дека сите заедно сплотени и единствени како никогаш досега ќе извојуваме уште многу големи победи, истакна староновиот претседател на СДММ Ресен пред присутните.

На настанот присуствуваа претседателот на СДММ Дарко Каевски, како и потпретседателот на младинската организација Јон Фрчковски, а свое присуство имаа и високи функционери од извршниот одбор на партијата.