Градоначалникот Гошаревски присуствуваше на одбележувањето на Денот на Обединетите Нации со свечена церемонија

Во понеделникот во Министерството за надворешни работи градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски присуствуваше на одбележувањето на Денот на Обединетите Нации со свечена церемонија и пригодни обраќања на: Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и резидентниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

По повод одбележувањето на Денот на ОН, по минатогодишното промовирање на онлајн кампањата со наслов #ИЈасИмамЦел, беше активиран и Инстаграм профилот на истата кампања со цел да ги инспирира граѓаните да споделуваат она што го прават за да помогнат да се постигне нивната омилена развојна цел.