Фото: Исчистено речното корито во Дрмени

Општина Ресен информира дека е исчистено речното корито во село Дрмени.

Оваа информација на задоволство на граѓаните на ова преспанско село, ја соопшти ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски, на својот фејсбук профил.