Амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река во посета на Општина Ресен

Вчера, во работна посета на Општина Ресен беше неговата екселенција Амбасадорот на Р.Албанија во Р.Македонија, г-дин Фатос Река. Градоначалникот Гошаревски изрази задоволство од посетата и напомена дека во блиска иднина ќе се интензивираат средби и со соседните општини од Р.Албанија се со цел заеднички да ги одредат приоритетите кон кои ќе се движат Ресен и Преспа со единствена идеја, а тоа е:

Преспа да стане европски регион во срцето на Балканот. Амбасадорот Фатос Река потенцира дека после потпишувањето на договорот меѓу Р.Македонија и Р.Грција во Преспа, Преспа стана светски позната. “Среќа е што Преспа е “триаголник” од три држави и од сите три страни има желба да се насочат активностите кон заеднички цели. Обврска ни е овие идеи да станат реалност”- рече Амбасадорот Фатос Река.

После средбата, градоначалникот и амбасадорот направија обиколка низ градот и го посетија Домот на култура “Драги Тозија”-Ресен. Воедно, на вчерашната средба градоначалникот Гошаревски официјално беше поканет на прославата на 26-ти ноември по повод “Денот на албанското знаме”.