Зборот е збор: Граничниот премин Маркова нога станува реалност

Информацијата за отворање на граничниот премин „Маркова нога“, беше прифатена на денешната 101-ва седница на Владата на Република Македонија.

Инаку во тек се подготовки за отворање на граничниот премин Маркова Нога, а тоа може да се види и од средувањето на земјиштето на македонската и грчка страна на фотографиите на Centar.mk и Prespasky.com.

Од македонска страна патот беше асфалтиран, додека од грчка е или дел треба да биде во скоро време.

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е овластен пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата по предложениот предлог меморандум.

„Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина. Со отворањето на граничниот премин со сите останати придружни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона“, се наведува во соопштението од Владата.