Продолжува кампањата за зголемување на бројот на згрижувачки семејства

Во организација на ЈУ Центар за социјална работа Ресен продолжува да се спроведува локална кампања за запознавање на јавноста за формата на згрижување во згрижувачки семејства во склоп на националната кампања: “На секое дете му треба семејство” поддржана од Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС детското село со цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа.

Кампањата ќе биде реализирана во текот на овој и следниот месец, со организирање на средби во училиштата, јавните институции и средби со граѓани во околните села на територијата на општина Ресен.
Иницијативата доаѓа како дел од заложбите на Владата за обезбедување на услови за секое дете без родителска грижа да растат во безбедна и грижлива семејна средина.