Прва размена на книги во Ресен!

Ние членовите на групата Размена на книги и книжевни муабети/ Book swap and bookish discussions решивме да им подариме можност на нашите сограѓани ресенчани да ги разменат сопствените книги за нови.
Небитно е каква книга ќе принесете (прочитана, непрочитана, за деца, за возрасни, на англиски или шпански) битно е да поведете добро расположение без оглед на годините и да ги поканите вашите пријатели на едно чајче и муабет 🙂 Имаме најава дека ќе има и донации на книги 🙂
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

Настанот ќе се оддржи во Голд кафе во 17 часот на 24. ноември 2018