Врнежи од снег на Ѓавато

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози на пониските и претежно влажни коловози на повисоките места. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Дебар, Струга, Ресен и на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.