Се чистат улиците по снежното невреме (фото)

И покрај обилните врнежи од снег, екипите за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Ресен, согласно Програмата за зимско одржување се излезени на терен и дејствуваат на сите сообраќајници, со посебен акцент на улиците од приоритетно значење за граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден, а и денес интензивно се работи на расчистување на локалните патишта до сите населени места во општина Ресен, како и улиците во градот Ресен и поголемите населени места.

Во моментов е вклучена и дополнителна механизација за расчистување на патиштата и активно се работи во селата: Болно, Евла, Златари, Лева Река, Кривени, Горно Дупени, Езерани, Дрмени, Лавци, Перово, Прељубје, Покрвеник, Стење, Курбиново, Сливница и Рајца како и поголемиот дел на улици во градското подрачје, а во остатокот на денот ќе бидат расчистени патиштата и до останатите населени места.

Сите патишта на територијата на општина Ресен се проодни, а денес се прават напори за нивно целосно дорасчистување и целосно ставање во функција. Сообраќајот на целата територија на општина Ресен се одвива отежнато поради зимските услови. Воедно ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење и прилагодување на брзината согласно временските услови.
Лице за контакт за пријавување на проблеми:

Зоран Гаџовски тел: 071/320-441

Најнови вести од Centar.mk