Нов сервис МетеоCentar: УХМР најавува нов циклон, ќе натрупа ли снег?

Новинската агенција Centar.mk во саботата на 26. јануари 2019. го активираше својот интегриран метеоролошки сервис Meteocentar.com кој ќе придонесе кон поквалитетни информации во врска со временската прогноза, но и временските прилики и неприлики во земјава.

За прв пат во Македонија, еден онлајн медиум отвара посебен сервис кој ќе ги информира граѓаните за најновите метеоролошки податоци и вести.

Сервисот под брендот “MeteoCentar.com” во следните денови ќе добие и нови функции кои ќе бидат од директна корист на читетелите ширум Македонија.

Meteocentar, покрај на нашата страница е достапен и на пријателската социјална мрежа Facebooк, каде што полесно може да ги добивате оригиналните фотографии, видеа и соддржини, но и директно да комуницирате со нашата метео редакција преку следниот линк:

https://www.facebook.com/meteocentar

Со ова Centar.mk ги продолжува своите напори да понуди едно поинакво искуство при дистрибуција на вести онлајн, притоа креирајќи едни нови трендови во онлајн медиумската дејност. Centar.mk истовремено ја потврдува својата релевантна улога во македонскиот медиумски сектор, а приказната не завршува тука, имајќи ги во предвид плановите за 2019-та година.

Доаѓа нов циклон
Од утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажни воздушни маси, кои во следните денови ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда претпладне, особено во источните делови.

Поради заладувањето врнежите ќе преминат во снег освен на повисоките и на некои пониски места.

Meteocentar Ви претставува детална прогноза за следните три дена:

Прогноза за 29.01.2019
Минимална температура: 1°C до 6°`C
Максимална температура: 3°C до 8°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места и од снег на планините. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови.

Прогноза за 30.01.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места и на планините, особено претпладне.

Прогноза за 31.01.2019
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места и на планините

Доколку сакате да ги добивате најновите Метео вести од Meteocentar.com на вашиот фејсбук, посетете ја нашата фан страна со клик тука и заследете не’.