Зборот е збор: Земјоделците ќе ги добијат ветени 3 денари за продадено килограм индустриско јаболко

Претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство одржаа работен состанок со производителите на јаболка во врска со исплатата интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, која што лани ја воведе Владата.

На состанокот, претстваниците од МЗШВ ги информираа овоштарите дека сите потврди кои се поднесени во системот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој се прифатени. Во моментов преку Платежната агенција се работат детални контроли на сите поднесени потврди, дали биле преку регистрирани преработувачи или регистрирани откупувачи, за да се утврди точно колку земјоделци и со кои количини во зависност од мерката имаат поднесено барање.

По завршување на оваа активност, МЗШВ ќе пристапи кон соодвтена промена во Програмата за директни плаќања и на Уредбата за 2019 година, со цел сите земјоделци кои имаат поднесено потврди да ги добијат 3-те денари за дополнителната подмерка 10 и за интерветно воведената подмерка 10-а.

Исплатата на дополнителната подмерка 10 и интерветната подмерка 10-а ќе биде истовремено за двете подмерки, по исплаќање на директната мерка за одржување на овошни насади.

МЗШВ информира дека сите производители на индустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервентната субвенција од 3 денари по килограм индустриско јаболка, ќе ги добијат парите, бидејќи субвенцијата се донесе за да им се помогне на овоштарите кои поради лошите временски услови претрпеа загуби во производството.