Премиерот Зоран Заев прави напори на илјадници граѓани да им бидат отпишани старите долгови за струја

Постои волја од Владата, ЕЛЕМ и ЕВН да избришеме долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства, најави премиерот Зоран Заев на демешната трибина во Охрид.

Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока да ги вратиме парите назад кај граѓаните, изјави Заев.

Доколку се спроведе оваа мерка десетици илјади граѓани кои имаат блокирани сметки конечно ќе можат нормално да функционираат.