Груевски: Власта не ми помогна да заминам

Поранешниот премиер  Никола Груевски во во ексклузивно интервју на телевизија Сител во 16 часот, по бегството во Унгарија, одби да одговори дали границата ја преминал на легален или нелегален начин и остава власта да ги открие деталите. Тврди дека нема соработници во власта

– Од Македонија заминав многу едноставно, во Албанија, се пријавив во амбасадата во Тирана каде што побарав политилчки Азил и оттаму дојдов во Унгарија на начин што беше одлучено по одредени нивни консултации заради фактот што долги години бев премиер заради безбедносни причини добро е да бидам во Унгарија. Ќе оставам власта да поработи на тоа дали личната карта ја користев за преминување на границата. Во Унгарија влегов со изваден документ од Унгарската амбасада во Тирана- посочи Груевски.

Тој кажа дека остатокот од неговата рута ќе остави да го открие власта и дека никој од актуелната влада не му помогнал.

-Тоа ќе оставиме да си го најде актуелната влада

Власта не ми помогна. Власта да може нешто друго да ми направи, а не да ми помогне – кажа Груевски.