Еден повреден во сообраќајката кај Буково

Според информациите на МВР, едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патниот правец Охрид – Ресен, на планинскиот превој Буково.

Во сообраќајната незгода учествувале две товарни возила и автомобил Ауди со кавадаречки таблички.

Возачот на автомобилот се здобил со полесни повреди и е пренесен во болницата Св.Еразмо.

Увидот е во тек поради што сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.