Детална прогноза за следните 4 дена

Утре во текот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне од север и од запад облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и понекаде на повисоките места особено на запад од снег.

Утре вечер преку ноќта, како и во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време на пониските места со врнежи од дожд.

На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање. Од среда времето ќе биде променливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слаби локални врнежи.

Прогноза за 12.03.2019
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 4°С до 11°
Претежно облачно со повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоко и на планините особено на запад од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 13.03.2019
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец.

Прогноза за 14.03.2019
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно и посвежо со услови за слаб локални врнежи кои на планините ќе се од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Најнови вести од Centar.mk