Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Ресен

АМСМ информира дека од 19 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен, на местото викано Макази. Претходно неколку часа сообраќајот беше во прекин поради запалена трска покрај патот.