Претседателот Пендаровски го прими ресенскиот херој Васил Јанкула во својот кабинет (фотогалерија)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го прими ресенскиот херој Васил Јанкула во својот кабинет.

– Денес, мој драг гостин беше Васил Јанкула, момче со церебрална парализа кое во придружба на својот тренер и двајца браќа извозе 800км за 8 дена, сè со цел да ја крене свеста за перцепцијата на лицата кои живеат со ваква состојба.

Васил, со својот подвиг докажа дека #СитеСмеИсти, сака да работи во својот град Ресен исполнувајќи го својот сон, еден ден да оформи свое семјство. Тој со својот трицикл, кој бил изработен специјално за него во Кавадарци, извозел од Ресен кон Битола,Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, а го искачил во тешки временски услови превојот кон Маврово и Дебар, па продложил кон Охрид и Струга.

Васил Јанкула ни покажа на сите една многу важна работа, истрајноста е најважна, нема откажување, соопшти Претседателот Пендаровски.