Проверете ги сметките – Исплатени субвенциите за индустриското јаболко

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година.

На сметките на 2.100 овоштари денеска за оваа мерка се исплатени одредени суми во зависност од предадените количества. Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018-та и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.