СДСМ во Долнени: Концептот на заедништво е единствената иднина на Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги посети граѓаните од населеното место Ропотово во општина Долнени и ја побара нивната подршка за новиот градоначалник на општина Долнени, Билал Каришик во вториот круг од локалните избори.

,,Дојдов вечерва да побарам поддршка и да ви ветам ја имате сто посто мојата поддршка, на владата и на парламентарното мнозинство за сите проекти кои што се во програмата на Билал Каришик”, порача Заев.

Тој посочи дека развојот на Долнени, на селата, на руралните средини ќе придонесе кон забрзан напредок и на прилепскиот регион и генерално на градовите низ Македонија. ,,Ако граѓаните што ни живеат на село се побогати, ќе ни живеат и градовите”, додаде Заев.

За таа цел, како што истакна тој, ќе се вложува во капитални инвестиции во Долнени затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.

,,Ќе има спортска сала во Дебреште, и ќе има системи за наводнување на сите села и да ќе го изградиме регионалниот пат кој што е крвотокот на оваа општина. Ќе ја имате целата поддршка за секое патче, за секоја локална улица, за секој сокак кој што ќе го градиме овде во Долнени”, соопшти Заев.

Тој потенцираше дека концептот едно општество за сите, концептот на заедништво, сојузништво и единство е единствената иднина на Македонија.

 

Source: Македонија

Најнови вести од Centar.mk