(ФОТО) ОТЕЦ ПИМЕН СЕ ПРАШУВА, ЌЕ ОДИМЕ ЛИ ПЕШ ДО ГОЛЕМ ГРАД? – ДРАМАТИЧНО ПАЃА НИВОТО НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Тешко може да се објасни ситуацијата во која за само неколку месеци Преспанското Езеро, по природен пат се повлече за најмалку 1,5 метри.

Денеска Sky.mk заедно со Отец Пимен кој доаѓа токму од убавата Преспа беше во посета на едно од најубавите македонски места Отешево, кое се наоѓа покрај Преспанското Езеро.

Преспанчани се прашуваат дали ќе се оди пеш до островот Голем Град?

Ова нека биде повик институциите да истражат која е причината за наглото повлекување на Преспанското езеро, кое сепак рака на срце е природен процес кој се повторува во повеќе наврати изминативе деценија – две, и тешко дека човечки фактор би го решил овој проблем, но добро ќе биде да се даде објаснување за процесот со кој се соочува едно од трите македонски езера, Преспанското.

фото Sky.mk , сите права заддржани.