ИМА ПОЛОВИНА ТОН: Ова е најдебелиот човек на светот (ВИДЕО)

Мексиканецот Хуан Франко тежи половина тон и конечно успеал колку толку да ја намали својата килажа како би можел да оди на операција за намалување на тежината.

Се верува дека тој е најтежок човек на светот со своите 595 килограми, а за овој хируршки зафат се подготвувал во специјализирана болница за губење килограми.

Неговиот лекар, Хосе Антонио Круз рекол дека изгубил речиси 30 отсто од својата тежина, така што сега е подготвен за операција.

Кога Хуан дошол на клиника му било соопштено дека боледува од сериозни заболувања, како дијабетес, поради што оперативниот зафат тогаш не можел да се изведе.

После ригорозниот режим, тој успеал да ја намали килажата и така да си овозможи операција.

Според локалните медиуми, Хуан последниве седум години е неподвижен и е врзан за кревет, а со дебелината се бори речиси цел живот.

Source: Мозаик