На Јадранот почнаа да ја наплаќаат и сенката (ФОТО)

Бројот на туристи на хрватскиот брег според последните официјални податоци руши рекорди, а Далматинците одлучиле да ја искористат приликата за дополнителна заработка.
На Јадранот почнаа да ја наплаќаат и сенката (ФОТО)

Прво ги зголемиле цените на изнајмување апартмани, потоа продавниците ги дигнале цените, а сега на ред дошле и дополнителните „услуги“, пишува Индекс.хр.

На Фејсбук страницата  “Dnevna doza prosječnog Dalmatinca” осамна фотографија од Вис која покажува дека посебно се наплаќа дури и паркинг место под сенка.

Паркинг место за шест часа ќе ве чини 20 куни, но ако сакате да се паркирате под сенка ќе морате да издвоите повеќе. Ако сакате 6 часа паркинг под сенка, тоа ќе ве чини 30 куни, додека 12 часа чини 50 куни.

Иако очигледно станува збор за способен „бизнисмен“, англискиот не му е баш најдобар, па зборот „shadow“ е напишан погрешно.

ПРЕБАРАЈ